речник контакт

Ќе поскапе ли такси превозот?

Откако пет години возат со непроменети цени, таксистите поради високите цени на нафтените деривати и зголемените трошоците за одржување на возилата, побараа нови повисоки цени на такси превозот

Петар Печков

Велешките таксисти  бараат нови повисоки цени на нивните услуги, причина високите цени на нафтените деривати и  зголемените трошоците за одржување на возилата. Објаснуваат дека цената на такси превозот во градот не е покачена пет години а за овој период  неколку кратно се зголемиле трошоците на нивната работа. Тие сега бараат  старт заедно со првиот километар да биде 40 денари наместо 30 а секој нареден километар да биде 25 денари наместо сегашните 20 денари.

Поради новиот Закон за техничко експлоатациони трошоци, моравме да замениме возила со нови кои ги исполнуваат  бараните услови. Одржувањето е два до три пати поскапо отколку претходно. Треба ли да потсетувам колку високо отидоа цените на  горивото, со што нашата заработувачка е осетно намелена. Сега трошоците на работа се 50 отсто од прометот а за рентабилно работење треба да се движат до 30 отсто. Тука се и бројните диви таксист кои ни го земаат лебот,  ја рушат цената и работата – вели Тони Јосифов член на Здружението на велешките таксисти.

  Барањето го доставиле до Советот на општината и очекуваат тоа да се најде на дневен ред и биде позитивно одговорено. Вакви барања за повисоки цени имале во два наврати за изминатите година дена доставено до локалните власти, но досега одговор нема. Претседавачот на Советот Славчо Чадиев објаснува дека не е запазена правната  форма со која таксистите  ја бараат новата цена и затоа не се нашло на дневен ред една година.  Требало да  биде доставена предлог одлука а не барање.

Ова нивно ново барање ќе го поставам пред координаторите на советничките групи, ако тие сметаат дека и покрај тоа што не е правно во ред, може  да се постави на дневен ред, јас ќе ја предложам. Потоа советниците нека се изјаснат дали ќе дадат зелено светло за нови повисоки цени на такси услугите во градот – вели Чадиев.

Во Велес има околу 110- легални такси возила, 20 се во процедура, бројката на диви кои возат по градските улици е повеќе од 200 додека бројот на лиценци кои се доделуваат е ограничен на 250.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »